Конечно: Меси, Нејмар и Мбапе вечерва првпат ќе заиграат заедно

Љубителите на фудбалот низ светот со нетрпение го очекуваат почетокот на дербијата Ливерпул – Милан и Интер – Реал Мадрид, но изгледа во центарот на вниманието може да биде и дуелот на Клуб Бриж со Пари Сен Жермен, затоа што во редовите на францускиот тим за првпат заедно на терен ќе бидат Меси, Нејмар и Мбапе.

Белгискиот тим ќе биде тестиран од страшниот напад на Светците, и ќе се види како ќе функционираат трите ѕвезди заедно. На голот на ПСЖ е Навас кој доби предност пред Донарума.

- Оглас -

Најнови вести