Конечно му се исполни животната желба, Ериксон го водеше Ливерпул (Видео)

Англискиот премиерлигаш Ливерпул во чест на Свен-Јоран Ериксон, приреди фудбалски спектакл во мечот на легендите против Ајакс. Тешко болниот Ериксон ја доби честа да биде тренер на Ливерпул барем на еден меч, со што му се исполни сонот од детството.

Швеѓанецот со овации беше дочекан од навивачите на „Енфилд“.

https://twitter.com/i/status/1771552198041723123

 

Ериксон неодамна откри дека му останува најмногу една година од животот поради тешката болест (канцер) и дека голема желба му е да биде тренер барем на еден меч на Ливерпул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести