Екипата на Алмерија конечно успеаја да дојдат до првата победа оваа сезона во Ла Лига. Тие до денес беа единствената екипа во топ-5 лигите во Европа кои немаа победа, но проклетството го скршија со на гостински терен против Лас Палмас.
Алмерија победи со 0-1, а единствениот гол беше дело на Лео Баптистао во 14-тата минута. Со победата Алмерија дојде до 13 бода во Ла Лига, но останува на последното место со само бод помалку од претпоследната Гранада, но и со заостанување од 14 поени од местата кои носат опстанок во лигата.