11.8 C
Skopje
сабота, 4 октомври 2025

Конечно насмевки во Манчестер јунајтед, Арсенал е (привремен) лидер во Премиер лигата (Видео)

Конечно малку насмевки во Манчестер јунајтед, откако „црвените ѓаволи“ со 2-0 славеа над Сандерленд на домашен терен и привремено се искачија на осмата позиција на табелата.

Победникот на „Олд Трафорд“ беше решен многу рано, по само половина час игра, откако Мејсон Маут во осмата и Бенјамин Шешко во 31-вата минута успеаја да погодат во мрежата на Сандерленд. Иако Манчестер јунајтед имаше двоцифрен број на удари во рамки на противничкиот гол, сепак, на крајот ќе мора да се задоволат со победа од два гола разлика.

Додека фудбалските љубители го чекаат мечот помеѓу Челзи и Ливерпул, Арсенал успеа да ги мине „црвените“, барем привремено, и да се искачи на врвот од премиерлигашката табела.

„Топчиите“ со 2-0 славеа над Вест хем на домашен терен, а победата беше дело на Рајс и Сака, кои беа стрелци на головите.

- Оглас -

Најнови вести