Фудбалерите на Јувентус конечно успеаја да победат во меч од Серија А и да се вратат во трката за пласман во Лигата на шампионите. Постот пред првенствена победа траеше цели 34 дена, но вечерва во Торино гостуваше Пиза и си замина со три гола во мрежата.
Головите за Јувентус во убедливата победа од 4-0 над Пиза беа дело на Камбијасо, Турам, Јилдиз и Бога.
Јувентус со овие три бода се искачи на шесттата позиција на табелата со 50 бода, со еден помалку од Рома и Комо кои имаат по 51 на делба на четвртата и петтата позиција.

