Конечно: Нејмар по една година пауза се врати на фудбалските терени (Видео)

Бразилскиот интернационалец Нејмар конечно по една година се врати на фудбалските терени. Тој влезе во игра во 77-мата минута на мечот од азиската Лига на шампиони помеѓу Ал-Сад и Ал-Хилал. Сепак, и покрај тоа што во игра влезе само на 13 минути пред крајот од мечот, Нејмар одигра 30-тина минута бидејќи Ал-Хилал победи во луд натпревар со 4-5, а продолжението на второто полувреме траеше цели 17 минути.

Нејмар се повреди минатата година во октомври, на мечот помеѓу Бразил и Уругвај.

- Оглас -

Најнови вести