Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави кончено загуби по долгата серија од 13 меча без пораз, а подобри од фаворитот беа фудбалерите на Панама.
Анибал Годој предизвика еуфорија на трибините на Ромел Фернадес“ во Панама сити со победничкиот гол за домаќините во 53. минута.
Интересно е што единствениот стрелец на мечот од квалификациите за пласман на СП игра токму во САД, за членот на МЛС лигата, Нешвил.
https://www.youtube.com/watch?v=fQQSweyRZko&t=1s
Американците до овој меч немаа пораз од мај годинава, кога ги победи Швајцарија во пријателски меч.
Со победата Панама сее израмни со САД на второто место на табелата, а и двете селекции имаат по 8 бода по пет кола. Киксот на Американците го искористи Мексико и со триумф од 3:0 против Хондурас сега е сам на врвот со 11 бода.
Вкупно три од осумтте селекции што играат во завршната фаза во квалификациите во КОНКАКАФ зоната директно ќе се пласираат на Мундијалот, а четвртопласиранат репрезентација ќе игра бараж.