Конечно: По 538 денови, Алиоски повторно заигра на официјален меч за Ал-Ахли!

Чекањето заврши, трпението и упорноста да се избори за место во Ал-Ахли и одбивањето понуди за трансфер му се исплатеа, Езџан Алиоски конечно по пауза дури од 538 дена, повторно заигра за саудискиот клуб на еден официјален меч.

Македонскиот лев бек нема право на настап во саудиската лига бидејќи е ограничен бројот на странци, па Алиоски и Фирмино им се „вишок“, но во вториот дел од сезонава го пријавија за азиската Лига на шампиони, па вечерва во Џеда, Џани се појави на средбата со катарскиот тим Ал-Гарафа во меч од ЛШ на Азија. Влезе во игра во 74-тата минута и остана на терен до крајот во победата на Ал-Ахли од 4-2.

Головите за Ал-Ахли ги постигнаа ѕвездите Тони, Фирмино, Галено и Марез.

 

- Оглас -

Најнови вести