Конечно решена мистеријата за хаосот пред финалето во ЛШ во Париз

Истрагата на францускиот Сенат одлучи дека навивачите на Ливерпул не се виновни за хаосот кој се случи пред почетокот на финалето на Лигата на шампиони во Париз, кога почетокот на мечот беше одложен повеќе од половина час. Заклучокот е дека причина за хаотичните сцени е „серија дисфукции“ во организацијата, но не и поради навивачите на Ливерпул.

„Овие дисфункции беа на секое ниво, не само за време на натпреварот, туку и за време на прелиминарните подготовки. Дисфункциите вклучуваат лоша проценка околу тоа колку симпатизери ќе пристигнат и кога ќе пристигнат на стадионот поради штрајкот на транспортот, несоодветните инструкции и употребата на полициски контролни пунктови на патот до натпреварот“, вели копретседателот на истрагата Лоран Лафон.

Истрагата ги отфрли и шпекулациите дека навивачи на Ливерпул сакале да влезат на стадионот со фалсификувани билети или дека многу од нив сакале да влезат на трибините без билети.

Ливерпул загуби во финалето на ЛШ од Реал Мадрид со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести