21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Конечно се најде судија што ќе го скроти Кристијано Роналдо (Видео)

Екипата на Ал-Наср во фантастичен натпревар го доби дербито против Ал-Ахли со 4-3. Сепак, една сцена го привлече вниманието на јавноста и стана вирална на социјалните мрежи.

Sвездата на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, е познат по протестите кон судиите, но синоќа конечно се појави судија кој може да го скроти. Правдата на натпреварот ја делеше бразилецот Андерсон Даронко, кој стана познат во јавноста по своето мускулесто тело. Португалецот му протестираше за недосуден пенал, а овој му кажа неколку зборови, само одмавна со раката. Веројатно лесно се разбраа на португалски, но Кристијано Роналдо остана вчудоневиден од одлуката на главниот судија.

- Оглас -

Најнови вести