Конечно се расчистија, Барселона му ја исплати последната рата на Меси

Барселона го завршува процесот на отплата на заостанатите плати за 2020 година.

Последната исплата од 16 милиони долари треба да се изврши на 30-ти јуни. Сумата ќе биде поделена меѓу сите играчи и тренери кои се согласиле одложено да ги добијат своите плати во 2020 година. Тоа се играчите Лионел Меси, Самуел Умтити, Серхио Бускетс, Жорди Алба, Кутињо, Антоан Гризман, Усман Дембеле, Миралем Пјаниќ, Сержи Роберто и уште неколкумина, како и тренерот Роналд Куман.

Најголемиот долг на Барса беше кон Меси, неговата последна исплата ќе биде 5,96 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести