Конечно се сложија Клоп и Мурињо: Требаше да победи Ханси Флик

Жозе Мурињо и Јирген Клоп конечно се сложија за иста работа и велат дека признанието на ФИФА за најдобар тренер на годината требаше да го добие Ханси Флик.

Изненадувачки, втора година по ред победи Клоп, но и тој самиот не е убеден дека требаше да биде победникот со изјава дека не му е јасно како победил и дека признанието требаше да го добие Флик.

Менаџерот на Баерн освои се што можеше да се освои, но на гласањето заврши зад Клоп. За целата ситуација свој коментар има и Жозе Мурињо, кој се пошегува, но и го оспори изборот на Клоп.

„Не разбирам како Клоп ја доби наградата. Баер го освои само првенството на Германија, пехарот во Лигата на шампионите, германскиот куп, европскиот и германскиот куп. Кутриот Флик. Единствена шанса веројатно му беше да измислат уште некое натпреварување, па и тие да ги освои со Баерн. Можеби тогаш че беше избран за најдобар тренер“, со многу иронија во свој стил коментира Мурињо.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести