Конечно убави вести за Зидан, Рамос веројатно ќе игра во реваншот против Аталанта

Реал Мадрид гостува кај Аталанта во првото осминафинале во Лигата на шампионите, а во пресрет на овој меч Зинедин Зидан конечно доби убави вести.

Капитенот Серхио Рамос, кој уште е на рехабилитација по операцијата на левото колено, би можело да биде во конкуренција за настап во реванш-дуелот против Божицата од Бергамо. Тој натпревар е предвиден за 16 март, а Рамос напорно работи да закрепне што побрзо.

Целта на искуниот шпански стопер беше да закрепне до 7 март, за кога е закажано градското дерби против Атлетико, меѓутоа беше советуван од лекарскиот тим дека може да ја влоши ситуацијата доколку избрза. Ако тогаш не се појави на теренот, Рамос речиси сигурно ќе игра против Аталанта во вториот осминафинален меч.

Инаку Зидан утре ќе го крпи составот бидејќи му недостасуваат вкупно деветмина фудбалери поради повреди, од кои седум се првотимци, меѓу кои, покрај Рамос, се: Бензема, Азар, Марсело, Валверде, Родриго, Карвахал, Милитао, Одриосола.

- Оглас -

Најнови вести