6779 Зрињски – Рапид Виена (21:00)
Шампионот на Босна и Херцеговина, Зрињски од Мостар, со победа сигурно ќе се најде во разигрувањето од Конференциската лига, додека Рапид Виена е убедливо најлошата екипа во ова натпреварување без бодови по пет меча. Иако на домашните им треба победа, сепак и двете екипи нема што да чуваат, па едно е сигурно – во Мостар ќе има голови.
Предлог тип: 3+ (2.15)
6834 Мајнц – Самсунспор (21:00)
Мајнц и Самсунспор во директен дуел ќе одлучуваат за место меѓу најдобрите осум екипи во Конференциската лига, па затоа добитната комбинација за овој меч е да се одигра на голови.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.82)
6835 Легија – Линколн (21:00)
Легија од Варшава веќе нема ниту теоретски шанси да ја мине групната фаза во Конференциската лига, но вечерва го пречекуваат шампионот на Гибралтар, Линколн. Иако според бодовите, гостите би требало да се фаворити, сепак Легија нема да си игра со клупското реноме, но и со тоа на полскиот фудбал и да си дозволи кикс против екипа од Гибралтар на домашен терен.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.17)
6838 АЕК Ларнака – Шкендија (21:00)
АЕК и Шкендија со различни амбиции влегуваат во нивниот меч, кој вечерва ќе се одигра во Ларнака. Домашните атакуваат на место во топ-8, додека Шкендија сака да испише историја и во дебитанскиот настап да го мине лигашкиот дел. Токму затоа, на Кипар не се очекува дека ќе има многу голови, впрочем така беше и на претходните дуели на кои настапија тетовци.
Предлог тип: 0-1I&1-2II (2.11)
6846 Кристал палас – КуПС (21:00)
Кристал палас нема да си игра со рејтингот на Премиер лигата и со победа со сигурност ќе се најде помеѓу најдобрите осум екипи во Конференциската лига, а тоа значи дека ќе го скокнат баражот. Победата против финскиот КуПС не би требало да биде доведена под знак прашалник, останува да видиме само со колку голови ќе биде изразена.
Предлог тип: 1 & 4+ (2.60)

