Конференциската лига започна со очекувана победа на Лил (Видео)

Претставникот на Франција, екипата на Лил, ја отвори новата сезона во Конференциската лига со очекувана победа над Олимпија Љубљана.

Гледачите на премиерниот натпревар од третото по ранг европско клупско натпреварување имаа можност да видат два погодока, и двата во мрежата на словенечкиот претставник.

Џонатан Дејвид во 43-тата минута го отвори резултатот со гол од пенал, а конечните 2-0 беа дело на турскиот интернационалец Јусуф Јазичи во 94-тата минута, кога фудбалерите на Олимпија тргнаа на сè или ништо во дуелот против Лил.

Останатите натпревари од воведното коло на Конференциската лига на програмата се утре, во термините од 18:45 и 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести