Перу ќе почека повеќе од 44 години за победа против „кариоките“ во Бразил

ДР Конго – Уганда (16.30 часот)

Во минатите времиња Демократска Република Конго беше една од најсилните фудбалски селекции во Африка, има и две титули, но од последниот голем успех минаа точно 45 години.

И на ова издание избраниците на селекторот Флорент Ибенге не се во редот на фаворити, но имаат многу солиден состав предводен од поранешниот играч на Вилјареал, Седрик Бакамбу. Тука е и Боласи, потоа и Мпоку, Мулумбу… и уште неколку фудбалери кои се познати и играат во силни лиги.

Уганда пред две години го прекина неверојатно долгиот пост од 39 години без настап на Купот на нации, но тогаш испаднаа во првата фаза, а и сега се аутсајдери.

Предлог тип: 1X&0-2 гола (1.72)

 

Нигерија – Бурунди (19 часот)

Нигерија е еден од фаворитите на Африканскиот куп на нации, но играчите доживеаја вистински шок по случката со Самуел Калу. Играчот на Бордо имаше срцев удар на вчерашниот тренинг, но е во стабилна состојба.

Тоа секако ќе влијае на останатите играчи на Нигерија, но ќе мора да го надминат шокот во дуелот со дебитантот. Бурунди за првпат игра на Африкански куп на нации, има солиден состав предводен од првата ѕвезда Саидо Берахино и ќе биде тврд орев за ривалите во фазата по групи.

Сепак Нигерија има многу поголемо искуство, со три титули е на четвртото место на вечната листа во Африка и е голем фаворит за стартна победа.

Предлог тип: T1 1+&2>1 (2.45)

 

Перу – Бразил (21 часот)

Дербито во А групата на Копа Америка имаше интересна предигра. Од таборот на Перу обвинуваа дека Бразилците користеле дрон за да го следат нивниот тренинг пред клучниот меч од последната рунда во фазата по групи. Веднаш одговори селекторот на Бразил, Тите, кој изјави дека ќе се откаже веднаш од фудбалот, ако воопшто и помилсил такво нешто.

Фаворитот се знае, Бразил е во предност, има подобар квалитет, патем и е домаќин на турнирот, а и нема пораз на свој терен од Перу од 1975 година.

Предлог тип: 2&2-4 гола (2.15)

 

Шпанија У-21 – Полска У-21 (21 часот)

Почнува разврската на младинското Европско првенство за играчи до 21 година, а ситуацијата е најзамрсена во А групата. Ако Шпанија ја победи Полска, а Италија биде подобра од отпишаната Белгија, тогаш ќе се создаде круг од три репрезентации со по шест бодови, па ќе игра и математиката.

Шпанците имаат императив да победат и тоа да го сторат со што поголема разлика, за да конкурираат за првото место во групата, единствено што сигурно гарантира настап во полуфиналето. Загубија од Италија со 1:3, Полјаците немаат пораз и имаат победа од 1:0 против младите „зѕури“, па ќе има многу комбинаторики.

Фуријата има попознати играчи, голем дел од младите репрезентативци играат стандардно во Ла Лига и се фаворити против непоразената Полска.

Предлог тип: 1 сигурна победа (2.40)

 

Белгија У-21 – Италија У-21 (21 часот)

Италија игра за полуфинале против последнопласираната селекција во А групата. Белгијците имаат два порази во веријатно и најтешката група на првенството, немаат посебни мотиви, но ќе се обидат да ја прокнижат првата победа на турнирот.

Аѕурите ќе мораат да атакуваат на трите бода предводени од Киеза, Кутроне, Кеан…, но и ќе стравуваат од победа на Полска, или евентуален висок пораз на Полјаците од Шпанија.

Домаќинот е фаворит, иако Белгијците не се за потценување во меч на кој типуваме двојка со голови во двете мрежи.

Предлог тип: 2&ГГ (2.80)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести