36.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

КОНМЕБОЛ ја одби жалбата на Аргентина околу суспензијата на Меси

КОНМЕБОЛ одби да ја намали суспензијата на Лионел Меси по поднесената жалба на фудбалската федерација на Аргентина. Мегаѕвездата на Гаучосите ќе мора да чека до 3 ноември за целосно да ја отслужи суспензијата, која ја доби откако јавно ја критикуваше организацијата и судиската арбитража на Копа Америка изминатово лето.

Заедно со тримесечната суспензија, Меси мораше да плати и 50.000 долари, поради неговата изјава дека луѓето во КОНМЕБОЛ се корумпирани.

Претходно во септември ја пропушти контролката против Мексико, а сега Меси дефинитивно нема да настапи на пријателските дуели против Германија (9 октомври) и Еквадор (13 октомври).

 

- Оглас -

Најнови вести