КОНМЕБОЛ одлучи: Копа Америка повторно во Бразил

Фудбалската федерација на Јужна Америка, КОНМЕБОЛ, одлучи да го премести натпреварувањето на Копа Америка во Бразил. Кариоките како актуелни бранители на тронот повторно ќе бидат домаќини како пред две години, кога на свое тло ја освоија деветтата титула во историјата.

Федерацијата мораше да донесе ваква одлука во најбрзо време бидејќи досегашните домаќини Аргентина и Колумбија ги загубија домаќинствата поради пандемијата со корона-вирусот, кој прави нов хаос во земјата на Гаучосите, додека во Колумбија секојдневно има граѓански немири.

Во најскоро време ќе се потврдат и стадионите на кои ќе се играат натпреварите, останува 13 јуни како датум на кој ќе се назначи старт на натпреварувањето и ќе се игра до 10 јули.

- Оглас -

Најнови вести