КОНМЕБОЛ покрена дисциплинска постапка, на Нуњес му се заканува долга суспензија?!

Големиот инцидент кој се случи после завршувањето на полуфиналниот дуел на Копа Америка, помеѓу Уругвај и Колумбија, се уште ја бранува фудбалската јавност, но и актерите на првенството на Јужна и Северна Америка.

Организаторот на шампионатот, јужноамериканската фудбалска федерација, КОНМЕБОЛ, објави дека покренала дисциплинска постапка против фудбалерот на Уругвај, Дарвин Нуњес, кој се качи на трибината и физички се пресмета со навивачите на Колумбија, но тоа го стори за да си го заштити семејството, сопругата и малото дете, кои беа најпрво вербално, а потоа и физички нападнати, а полицијата никаде ја немаше.

Доколку од КОНМЕБОЛ одлучат дека Нуњес е виновет, тој може да добие долга суспензија, а тоа може да се одрази и на клупските настапи за Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести