Конор Мекдејвид имаше возбудливо шоу на мраз и како терминатор си поигруваше со противниците за незаборавната ноќ што им ја приреди на навивачите на Едмонтон со двоен хет-трик.
Најдобриот поентер од двете последни сезони во НХЛ-лигата блескаше за Едмонтон против Колорадо и во победата од 6:2 имаше вкупно 6 поени.
An unreal six-point night for Connor McDavid (@cmcdavid97), including this @Enterprise hat trick.
HE IS NOT HUMAN. pic.twitter.com/UOsRES6XwU
— NHL (@NHL) November 15, 2019
Еден од најдобрите напаѓачи во најсилната хокеарска лига на светот постигна 3 гола и имаше 3 асистенции, а навивачите на Ојлерс имаат многу причини за радост. Во нивниот тим моментно играат двајцата најатрактивни играчи во НХЛ, Мек Дејвид и Леон Драјсајтл.
И Германецот Драјсајтл имаше прекрасна ноќ во „Роџерс плејс“ со неверојатни 5 асистенции, па успеа да остане на врвот на листата со најдобри поентери во НХЛ-лигата.
Како награда за неверојатните игри на двајцата хокеари, навивачите фрлаа капи на мразот во знак на почит.
Како што е познато, во НХЛ се сметаат и головите и асистенциите, а Леон е прв со 41 поен, што ги искомбинира постигнувајќи 15 голови, зачинети со 26 прецизни додавања до соиграчите за погодок.
Втор е Мек Дејвид со 37 поени (14 гола и 23 асистенции), а и двајцата млади играчи постојано потврдуваат сезонава дека имаат блескава иднина. Со нив и Едмонтон може да се надева на враќање на старите добри времиња од 80-те години на минатиот век, кога Ојлерс беа неверојатна машинерија на мраз и освоија 4 титули во пет сезони или вкупно пет од 1984 до 1990 година.