Конор Мекгрегор нокаутиран! (Видео)

Прославениот ирски борец Конор Мекгрегор беше нокаутиран и загуби од Дастин Појре, во УФЦ борбата која утрово се одржа во Абу Даби. Пред мечот Мекгрегор беше голем фаворит, но Американецот покажа дека не се плаши.

Дуелот започна офанзивно од двете и имаше размена на удари. Ирецот имаше неколку препознатливи напади со рамото, но Појре не се уплаши. Американецот беше фокусиран да го повреди Мекгрегор во нозете. Во еден момент Појре со серија прецизни и силни удари успева да го нокаутира Ирецот, а судијата означи крај на борбата.

За Појре ова е најголема победа во кариерата, а Мекгрегор остана во неверување дека тој на крајот заврши нокаутиран на подот.

https://streamable.com/xkqpbg

- Оглас -

Најнови вести