Конор Мекгрегор објави крај на кариерата, по трети пат!

Ирската легенда во ултимејт фајт, Конор Мекгрегор, на социјалните мрежи објави дека одлучил да стави крај на неговата кариера, притоа објавувајќи фотографија со неговата мајка.

Инаку, Мекгрегор по трети пат објавува крај на кариерата (истото го најави и во април 2016 и во март 2019 година, но се враќаше во октагонот), затоа одлуката да се повлече треба да се земе со резерва. Последната борба на 31-гоишниот Конор беше во јануари, кога за 40 секунди го нокаутираше Доналд Сероне, што му беше 22-ра победа во 26 борби. Поразите му беа од Артемиј Ситенков, Џо Дафи, Нејт Дијас и Хабиб Нурмагомедов.

„Одлучив да се простам од борбите. Им благодарам на сите за прекрасните спомени. Какво патување беше тоа. Ова е слика од мене и мојата мајка после една од титулите во Лас Вегас. Изберете го домот од своите соништа“ – порача Мекгрегор.

- Оглас -

Најнови вести