Конор Мекрегор уште не може да се помири со фактот дека повторно загуби од Американецот Дастин Појре. Ова беше трет пораз за Ирецот во третиот меч против Појре. Овојпат Мекрегор загуби поради тоа што пред крајот на првата рунда, по еден обид да нападне со нога, лошо згазна и си ја скрши ногата. Судијата во рингот мораше да отсвири крај на мечот и да го прогласи Појре за победник.
Ирецот кој пред мечот постојано му се закуваше на Појре, дури и со убиство, беше бесен и по мечот. Мекрегор ја навредуваше жената на Американецот и се закануваше дека ќе ги убие. „Ќе дојдам додека спиете и ќе ве убијам“, се дереше Мекрегор додека беспомошно седеше во рингот со скршена нога.
NEW alternate angle of Conor McGregor threatening to kill Dustin and Jolie Poirier “in their sleep” and makes gun sign to his head:
“In your sleep you’re getting it, in your sleep you’re dead, you and your Mrs, it ain’t over” pic.twitter.com/r6nmjZAjQb
— Out Of Context MMA (@oocmma) July 12, 2021
Дека Мекрегор не планира да сопре со навредите и заканите, покажа со неговата најнова објава на социјалните мрежи, кога повторно се закани со убиство на семејството Појре, а дури стави и фотографија на која е петгодишната ќерка на Дастин.
Подоцна Ирецот ја избриша објавата, но таа остана забележана и многумина ја прокоментираа како „болна и забегана“.
Conor McGregor just posted then deleted a picture of Dustin Poirier’s daughter followed by “gonezo”.
So now Conor is threatening an innocent child’s life because he lost a fight. Disgusting. #UFC264 pic.twitter.com/FtvUuk9E2u
— Luca Fury (@FurysFightPicks) July 13, 2021