Најпопуларниот ММА борец на светот, Конор Мекгрегор е љубоморен на Хабиб Нурмагомедов и поради тоа продолжува да го провоцира непоразениот Дагестанец, смета Бен Аскрен.
Мекгрегор и Нурмагомедов влегоа во октагонот во 2018 година, триумфира Дагестанецот со нокаут, но Ирецот продолжи со провокациите до денешен ден, а последен пат се огласи поради веста дека Хабиб е осомничен дека затајувал данок.
„Конор никогаш нема да престане со провокациите, и кога ќе има 80 години ќе продолжи да го напаѓа Хабиб бидејќи му е љубоморен. Во тоа немам никакви дилеми, тој ги има сите пари на светот, но длабоко во своето срце секогаш сакаше да биде најпочитуван шампион во ММА заедницата. Но, никогаш нема да биде Хабиб. Хабиб е шампион кон кој сите имаат голем респект бидејќи живееше таков живот. Конор исто така сака таков респект, но беше презафатен со проститутки и кокаин и не може да се контролира. Нормално, љубоморен е на Хабиб“, вели Аскрен.