Јувентус го победи Интер со 1-0 и слави во Дербито на Италија. Тимот на Тијаго Мота успеа да триумфира со голот на Франсиско Консеисао во 74-та минута од натпреварот.
Коло Муани направи дар-мар во шеснаесетникот на Интер, топката дојде до Консеисао, а тој со прецизен удар успеа да го совлада Јан Зомер.
🚨🇮🇹 GOAL | Juventus 1-0 Inter | Francisco Conceicao
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) February 16, 2025
FRANCISCO CONCEICAO OPENS THE SCORING FOR JUVENTUS !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/wp21pO23y0
Интер беше подобар ривал во првиот дел, имаше неколку одлични шанси, а Дамфрис го погоди и дирекот. Но, во второто полувреме Јувентус наметна свое темпо и на крајот даде резултат.
Со овој триумф, Јувентус стигна до 46 бода и се наоѓа на четвртата позиција, со десет бода негатива во однос на лидерот Наполи.