Консеисао: „Импресиониран сум од навивачите на Удинезе, едно е фудбалер, а друго е човек“

Милан со убедливи 0-4 славеше над Удинезе во меч од Серија А, но во 52-рата минута тешка повреда заработи голманот на „црвено-црните“, Мајк Мењан, кој беше во бесознание и на носилки мораше да биде изнесен од теренот.

Кога Мењан беше изнесен надвор од теренот, публиката во Удине го поздрави со долг аплауз, а тоа го потенцираше и тренерот на Милан, Сержо Консеисао, кој рече дека е импресиониран од домашната публика.

„Импресиониран сум. Сакам да им дадам комплименти на навивачите на Удинезе. Едно е фудбалер, а друго е човек. Тие може да го исвиркуваат играчот, но не и личноста. Аплаузот беше неверојатен гест, за 40 години немам видено многу вакви работи. Денес бевме екипа, но ова се само три бода. Сега веднаш ќе се насочиме кон Аталанта.“ – рече тренерот на Милан, Сержо Консеисао, после мечот против Удинезе.

- Оглас -

Најнови вести