Консеисао искрен по елиминацијата од Феенорд: „Ова е мој пораз, а не на Тео“

Милан неочекувано е елиминиран од Феенорд откако не успеа да ја анулира негативата од 1-0 од првиот меч и одигра само 1-1 на „Сан Сиро“. Многумина вината му ја препишаа на Тео Ернандес, кој беше исклучен поради симулирање, но тренерот на Милан, Сержо Консеисао, ја презеде одговорноста на себе.

„Разочарувањето е големо, сите сме лути. Знаевме дека сме поквалитетни. Направивме грешка во Ротердам и се подготвувавме за победа на овој натпревар. Пропуштивме неколку шанси да постигнеме и втор гол и да го решиме мечот. Ние самите сме виновни и сега треба да размислуваме за првенството. Треба да бидеме посилни и да работиме понапорно. Црвениот картон на Тео Ернандес ја промени играта бидејќи до тој момент немаа создадено ниту една шанса. Ова е пораз за мене. Претходните години во пет од шест случаи стигнав до осминафиналето со Порто. Направив толку многу грешки што не можете да замислите. И моите играчи грешат, но лицето на ова испаѓање е на Серхио Консеисао, а не на Тео“, рече Консеисао.

- Оглас -

Најнови вести