Консеисао: Милан покажа дека има победнички карактер, Леао може да е најдобар на светот

Милан со пехар ја започна 2025 година откако го освои Суперкупот на Италија. Росонерите во полуфиналето го победи Јувентус со 2:1, а во финалето беше подобар од Интер со 3:2. Интересно е дека во двата меча, Милан губеше на полувреме, а на крајот победуваше.

Двете победи на Милан дојдоа под водство на новиот тренер, Сержо Консеисао, кој беше назначен на оваа позиција пред неколку дена. Португалскиот стратег е пресреќен.

„Многу сум среќен поради играчите, затоа што ова воопшто не беше лесно. Кога пристигнавме атмосферата не беше најдобра, а тука требаше да играме против два тима од светска класа. Милан покажа дека има победнички карактер. По ова славје ќе се фокусираме на дуелот против Калјари“, рече Консеисао.

Португалскиот стратег посебно го пофали Рафаел Леао. „Леао е феномен. Го знам долго време, затоа што е Португалец како мене. Разликата е што тој е многу порелаксиран, а јас сум тензичен. треба да научи неколку работи и верувам дека може да биде најдобар фудбалер во светот“, рече Консеисао.

- Оглас -

Најнови вести