Консеисао: Милан сѐ уште може да ја сврти сезоната во позитивна насока

Тренерот на Милан, Серџо Консеисао, е уверен дека неговиот тим е на вистинскиот пат да ја промени динамиката на сезоната, по втората последовна победа во Серија А. Росонерите славеа со 2-1 против Комо на „Сан Сиро“, со што ставија крај на лошата серија од три порази.

„Гледам тим кој навистина сака да успее и дава сè од себе. Оваа група играчи има неверојатна желба да ја сврти сезоната на Милан во позитивна насока“, изјави португалскиот стратег.

И покрај триумфот, Консеисао истакна дека има уште простор за подобрување.

„Започнавме добро, но по примен гол се појавија сомнежи кај играчите. Тоа е нормално. Нашиот пресинг не беше добро изведен“, анализираше тренерот.

Во второто полувреме, Милан ја искористи слабоста на противникот и ја запечати победата.

„Во вториот дел одигравме подобро, го искористивме она што го забележавме кај Комо и тоа се покажа со головите. Сега ни следи заслужена пауза, која е многу важна“, заклучи Консеисао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести