Консеисао по поразот од Аталанта, чувствувал дека ќе го победи Интер

Милан има очајна сезона во домашното првенство и моментално е на деветтото место на табелата со минимални шанси да се бори за места кои водат кон излез во Европа. Сепак, Росонерите може да играат во европските купови следната сезона, ако триуфмираат во Купот на Италија.

Милан си обезбеди место во финалето на Купот откако убедливо со 3:0 го победи градскиот ривал Интер и со вкупно 4:1 оди во мечот за трофејот. Интересно е дека Милан заостанува дури 20 бода во однос на Интер во домашното пренство, но во петте дуели со градскиот ривал сезонава има три победи и две ремија, без пораз.

Пред реваншот во Купот, Милан одигра уште еден очаен меч во првенството и дома загуби од Аталанта, но тренерот на Росоенрите, Сержо Консеисао, вели дека и по тој неуспех останал полн со оптимизам.

„По поразот од Аталанта, имав некое чувство дека ќе го победиме Интер. Во вакви мечеви важни се малите детали, како во одбраната така и во нападот. На почетокот на мечот бевме во подредена ситуација, но потоа постигнавме гол. Во второто полувреме ги средивме работите и одигравме одлично. Ние како тим сме посветени да победуваме на секој натпревар“, рече Консеисао.

Во финалето на Купот, Милан ќе го чека подобриот од двомечот меѓу Болоња и Емполи. Болоња има предност од 3:0 по првата средба против Емполи и вечерва игра на свој терен.

- Оглас -

Најнови вести