22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Консеисао по седум години замина од клупата на Порто

Сержо Консесиао по седум години си замина од тренерската позиција на Порто, објави денеска португалскиот клуб.

Консесиао беше тренер на Порто од 2017 година и успеа да освои 11 трофеи. Тимот оваа сезона во Португалија ја заврши на третото место зад Спортинг Лисабон и зад Бенфика.

Португалските медиуми истакнуваат дека една од причините за заминување на Консесиао од клубот е доаѓањето на Андре Вилаш-Боаш на претседателската функција, со кого досегашниот тренер не е во најдобри односи.

Порто преку социјалните мрежи му се заблагодари на Сержо Консесиао за соработката. Како негова следна дестинација се споменува францускиот прволигаш Олимпик Марсеј.

- Оглас -

Најнови вести