Консеисао му се закани на Интер пред реваншот

Градските ривали Милан и Интер в среда ќе играат во меч кој треба да го даде финалистот во Купот на Италија. По првиот меч од полуфиналето, миланските ривали одиграа 1:1, а сега Интер ќе ја има улогата на домаќин, што значи дека најголем дел од трибините ќе бидат „обоени“ во сина и црна боја.

„За Милан е нормално да игра во финале на Купот. Мечот пртив Интер е најважниот за нас во моментов. Тоа е меч во којшто нема фаворит затоа што таа дадена улога не менува многу работи на теренот. Кога судијата ќе даде старт за почеток на мечот, мотивацијата е таа која одлучува. Ние сме полни со мотивација. Милан ќе биде многу конкурентен тим на оваа средба. Имаме големи амбиции и сакаме да победиме на тој натпревар“, рече Консеисао.

Откако дојде на чело на Милан, португалскиот тренер ги одведе Росонерите до трофејот во Суперкупот на Италија, а сега сака да го освои пехарот и во Купот на земјата.

- Оглас -

Најнови вести