Консилји славеше чуден рекорд, Верона му ја наполни мрежата

Верона го победи Сасуоло со 4:2 на гостински терен во првиот неделен меч од 22. коло во Серија А.

Голманот на Сасуоло, Андреа Консилји прослави чуден рекорд со 424 натпревари во Калчото, без да успее ниту еднаш да брани за националниот тим, што е најдолга низа на натпревари во Серија А, без настап за Аѕурите.

Еднаш беше повикан во националниот тим во 2012 година кога селектор на Италија беше Чезаре Прандели, но не доби шанса да брани.

Ист случај со ист број на натпревари 424 без да игра за четирикратниот светски првак Италија е и Паоло Канаваро.

Сега Консилји се израмни со него,а чудниот рекорд му го расипаа играчите на Верона со четири гола во неговата мрежа.

Капрари еднаш и Барак трипати беа прецизни и ја сместија топката зад грбот на голманот на Сасуоло, а домаќините постигнаа само два гола, преку Скамака и Дефрел и загубија со 2:4.

- Оглас -

Најнови вести