Конте: Ако најсилниот тим троши толку пари за засилувања, колку пари треба да потрошат другите екипи?

Тотенхем може да се пофали дека е тим кој сезонава не загуби ниту еднаш во четирите меча што ги одигра против Манчестер сити (две победи) и Ливерпул (две нерешени), екипите кои се борат за титулата во Премиер лигата. Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте има мисија да го одведе тимот до место кое води во Лигата на шампионите за следната сезона, а клучно за такво нешто може да биде вечерашното градско дерби против Арсенал.

Тотенхем игра дома и мора да брка победа ако сака да се доближи само на еден бод до Топчиите, кои се четврти на табелата. Освен за дербито против Арсенал, Конте зборуваше и за плановите околу доведувањето на нови играчи во летниот преоден рок.

„Секогаш е важно да се прават големи инвестиции затоа што најдобрите играчи ја предводат екипата до победа. Ако најдобрите екипи во лигата трошат толку многу пари за да станат уште посилни, колку пари треба да потрошат екипите од пониско ниво за да бидат конкурентни со најдобрите?“, реагираше Конте по дознавањето дека Манчестер сити за следната сезона се засили со Ерлинг Халанд.

- Оглас -

Најнови вести