2.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Конте бесна по утката на Елмас, за среќа на Дијамантот, Наполи води на полувреме (Видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше еден од најактивните играчи во нападот на Наполи во првото полувреме на средбата со Болоња во финалето на Суперкупот на Италија.

Наполи по првите 45 минути води со 1-0 со убавиот гол со шут од далечина на Давид Нерес.

Актуелниот италијански првак имаше супер шанса и многу порано да поведе. Кога Елмас имаше прилика, се најде очи во очи со голманот на Болоња, но не ја искористи со што го налути тренерот Антонио Конте, кој сметаше дека Елмас можел и да додаде во таа ситуација.

И Македонецот кој во најдобра намера се обиде да постигне гол, по утката беше лут и се пцуеше себеси, а направи гримаса и на разочарување.

- Оглас -

Најнови вести