Конте: Блиску сме до титулата, но треба да го направиме последниот чекор

Наполи киксира на гостувањето кај Парма и одигра без голови, но со тој резултат, тимот од југот на Италија остана на лидерската позиција во Серија А, и тоа во пресрет на последното коло.

Наполи сега има 79 бода, еден повеќе од Интер, кој е втор и единствен ривал во трката за Скудетото. Интер имаше шанса да биде нов лидер на табелата, но Нераѕурите на свој терен ремизираа 2:2 против Лацио.

Во последното коло, Наполи на свој терен ќе игра против Калјари, додека Интер ќе гостува кај Комо. Тренерот на Наполи, Антонио Конте, вели дека ова е најтешката сезона за него во кариерата.

„Блиску сме до освојување на Скудетото, но уште треба да го направиме последниот, финален чекор. Ќе треба да го направиме на наш терен, пред нашите навивачи. Ова е многу тешка сезона, го постигнавме она што сакавме да го направиме, а тоа беше да ги мачиме лидерите до крај. Долго време сме на врвот и покрај сезоната полна со тешкотии, но никогаш не се пожаливме, продолживме и сме токму таму за да постигнеме нешто незамисливо и историско за Наполи. Титулата во Наполи, секако, е различна од титулите на друго место, во клубови кои се навикнати да собираат титули и трофеи, вели Конте, кој додаде дека ова е негова најтешка сезона во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести