Главна тема во штотуку завршениот преоден рок ширум Европа беше фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен. Тој не успеа да направи трансфер во Челзи, па сега како единствена опција му е Ал-Ахли од Саудиска Арабија, бидејќи таму преодниот рок трае уште два дена. Во меѓувреме тој беше исфрлен од составот на Наполи и Антонио Конте не смета на неговите услуги.
„Среќен сум од пазарот кој го направи клубот. Уште да го продадевме Осимен, ќе имавме комплетна ситуација. Но сепак сум среќен. Играчот нема да се врати. Тие кои се надвор од проектот остануваат надвор. Направивме некој избор и сите заедно се движиме во ист правец.“ – вели тренерот на Наполи, Антонио Конте.
Наполи има две победи на првите три натпревари во Серија А, а вчера со пресврт во судиското продолжение дојдоа до победата над Парма.
„Го дадовме срцето за оваа победа. Кога Ромелу Лукаку го постигна израмнувачкиот гол, им реков на момците да се вратат веднаш бидејќи ни треба победата. Успеавме да дадеме уште еден гол и да дојдеме до победата над добрата екипа на Парма, која има одлични играчи.“ – вели Конте во однос на победата над Парма со голови во 92-рата и 94-тата минута.