Антонио Конте и официјално е преставен како нов тренер на Наполи. Искусниот италијански стратег една година паузираше откако доби отказ во Тотенхем. Сега повторно се враќа на тренерската работа откако ја прифати понудата на Наполи.
Искусниот 54-годишен тренер потпиша тригодишен договор со Наполи, а деталите околу договорот не се познати. Тренерската кариера Конте ја започна во Арецо, а потоа беше на чело и на Бари, Аталанта, Сиена, а во 2011 година седна на клупата на Јувентус. Под негово водство Старата дама се врати на врвот во Серија А и три пати беше шампион на Италија, а два пати го освојуваше и Суперкупот.
Потоа беше и селектор на Италија, каде се задржа две години. Потоа работеше во Челзи, Интер и Тотенхем.