Навивачите на Тотенхем се незадоволни од настапот на клубот на трансфер пазарот, особено по информацијата дека менаџерот Антонио Конте и раководството на клубот не успеаа да го донесат Луис Дијас, кој веројатно ќе биде нов член на Ливерпул.
Црвените од Енфилд роуд и буквално го декласираа Тотенхем во трката за аргентинскиот репрезентативец, кој се сели од Порто во Ливерпул, па сега спас за Спарс е Дејан Кулушевски.
Играчот на Јувентус, кој ја одби Македонија со понудата да игра за нашата репрезентација и ја одбра родната Шведска, дал зелено светло за трансфер во Тотенхем.
Кулушевски потпиша за Јувентус во јануари 2020 година за вкупна сума од 43 милини евра во кои се вклучени и бонуси, но не е стандарден и не покажа многу од потенцијалот.
Сега сака да си замине од Торино и веројатно ќе биде нов член на Тотенхем.