Конте е разочаран од Кварацхелија, Грузиецот официјално побарал да биде продаден

На прес-конференцијата пред утрешниот натпревар на Наполи со Верона, тренерот на наполитанците, Антонио Конте, рече дека Хвича Кварацхелија официјално побарал да биде продаден.

„Не сакам да кажувам лаги. Квара побара да биде продаден минатото лето и тој не беше единствениот што морав да убедам да остане. Лично разговарав со него, ми потврди дека сака да замине, многу сум разочаран. За 6 месеци работев многу и покажав дека одредени работи може да се направат, тој не сакаше да потпише нов договор. Не можам да ги врзам со синџири оние кои не сакаат да останат. Ова е како гром од ведро небо, губиме многу важен играч. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Конте.

Се зборува дека договорот на Кварацхелија со ПСЖ ќе биде на пет години, а годишната плата на Грузиецот ќе изнесува 10 милиони евра, што е 4-5 пати поголема од таа која сега ја зема во Наполи.

- Оглас -

Најнови вести