Конте е разочаран во Тотенхем: Мислев дека овој тим има можност за напредок, ама…

Антонио Конте на крајот од минатата година го презеде кормилото на Тотенхем. Италијанскиот стратег имаше големи очекувања од раководството, но и од самиот тим за во последното свое интервју да не го крие разочарувањето.

„Кога од страна го гледав Тотехнем, мислев дека овој тим има можност за напредок, но кога дојдов“, започна Конте, кој не ја доврши реченицата иако е јасно што сакаше да каже.

„Дојдов во тим којшто со години наназад нема победнички менталитет и има недостаток на самодоверба, што е и сосема нормално.

Не можам да сфатам што ни се случи во јануари, останавме без четворица играчи, и тоа од голема важност, додека доведовме само двајца. Наместо да го засилиме тимот, ние го ослабевме“, изјави Конте.

Во англискиот тим, во јануарскиот рок дојдоа Родриго Бетанкур и Дејан Кулушевски, додека заминаа Брајан Хил, Деле Али, Џовани ло Селсо и Танги Ендомбеле.

- Оглас -

Најнови вести