8.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Конте: Елмас беше импресивен против Јувентус

Тренерот на италијанскиот шампион Наполи, Антонио Конте, не го криеше задоволството по победата од 2-1 над Јувентус, остварена и покрај сериозните кадровски проблеми во тимот. Повторно, тој беше принуден да импровизира поради отсуството на клучни играчи, но тоа не го спречи тимот да постигне уште еден импресивен резултат.

„Фудбалерите заслужуваат само аплауз. Можам само да им се заблагодарам, бидејќи во моменти на големи тешкотии и ограничени опции тие прават неверојатни работи. Секој кој влегува во игра покажува карактер и голема одговорност. Нивниот развој во тој поглед е огромен и ме исполнува со гордост. Го почувствуваа моментот, разбраа колку е тешка ситуацијата и дадоа извонреден одговор“, изјави Конте.

Скот Мектоминеј имаше медицински третман неколкупати во првото полувреме, но ги стегна забите и остана на теренот до крајот.

„Тој и останатите прават нешто извонредно, превземаат одговорност и продолжуваат напред. Елиф Елмас, во својот прв меч како стартер во средината на теренот, остави импресивен впечаток. Досега играше таму само за Купот на Италија, инаку делуваше како класична „десетка“. За среќа, Лоботка има само мала повреда и би требало да се врати за 10–15 дена. Можеше да биде многу посериозно. Токму за да ја избегнам таквата ситуација, го оставив да одмори против Каљари, но сепак почувствува затегнување при загревањето. Во тешки моменти наоѓаме решенија и сакам да ја истакнам улогата на стручниот штаб и играчите – покажуваат дух, единство и желба да останат сплотени“, додаде тренерот на Наполи.

Победата значи дека Наполи ја завршува календарската 2025 година без ниту еден домашен пораз во Серија А, постигнување што клубот не го забележал од 1987 година.

- Оглас -

Најнови вести