Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас одигра 20-тина минути во победата на Наполи над Аталанта, и тоа беше негов 200-ти настап во дресот на актуелниот италијански првак.
После мечот, тренерот Антонио Конте додека го анализираше мечот и ситуацијата со повредените играчи, го спомна и Дијамантот.
„Најновиот удар, повредата на Ангиса, ме натера објективно да размислувам, во средоната останавме само со неколку играчи. Лоботка, Мектоминеј и некои од младите. Елмас не е вистински играч од средниот ред, помага на сите позиции. Имам искрен и интензивен однос со играчите. Тие знаат дека не носам маски, нашиот однос е отворен. Можеби на многумина тоа не им се допаѓа, но мора да имаш искреност да интервенираш кога треба и да не затвораш очи“, изјави Конте.

