Конте: Ги гледаме тие што се пред нас, но не сакам да дадам празни ветувања

Наполи победнички си замина од гостувањето кај Калјари откако победи со 1:0, а интересно е дека клучниот момент се случи по само 75 секунди од почеток на средбата која Скот Мектоминеј беше најснаодливо во метежот на домашниот гол и на протури топката во мрежата.

Потоа, до крајот на средбата немаше промена на резултатот и Наполи освои вредни три бода во трката за висок пласман. За актуелниот италијански првак ова беше четврта победа по ред и сега има 62 бодови, искачувајќи се на второто место на табелата, прескокнувајќи го Милан, кој има 60, но Росонерите денеска играат на свој терен против Торино. Прв на табелата е Интер со 68 бодови, а Конте е умерен во прогнозите кога се работи за трката за скудетото.

„Важно е дека победивме и дека по 11 меча успеавме да ја сочуваме нашата мрежа незатресена. Калјари не упати ниту еден удар во рамките на нашиот гол. Имаме голем мотив и желба. Момците ја разбраа важноста на мечот и иако беше тешко, на крајот ја постигнавме целта. Добро е што некоио играчи кои беа повредени се враќаат во ритам, иако уште не се 100 отсто спремни. Нашиот фокус е да гледаме напред и да го бркаме пласманот во Лига на шампиони. Знаеме дека и други екипи имаат иста цел, но наше е да гледаме напред да се фокусираме на тоа што следува. Важно беше да ги освоиме трите бода и сега треба да видиме што ќе направат конкурентите. Ги гледаме тие што се пред нас, но не сакам да дадам празни верувања“, рече Конте.

- Оглас -

Најнови вести