Конте го брани Кејн: Јас никогаш во кариерата не ни шутнав пенал!

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, изјави дека не се плаши за психичката состојба на Хари Кејн, откако капитенот на Англија утна пенал кое значеше испаѓање на Англичаните од Светското првенство во Катар.

„Не се плашам за неговата состојба, тој е напаѓач од светска класа. Во фудбалот можеш да имаш и убави и лоши моменти. Како играч, јас не сум утнал пенал, затоа што немам ни шутнато. Никогаш. Бев вистинска катастрофа“ – вели Италијанецот кој беше дел од селекцијата која во 1994 година на пенали го загуби финалето на СП.

„Во прво време си тажен, ни знаеш дека треба да продолжиш напред. Бев разочаран кога загубивме од Бразил во 1994, но и покрај огромното разочарување, се минува преку тоа. Фудбалот ти дава прилика да имаш други шанси за радости“ – додава Конте.

- Оглас -

Најнови вести