Конте го отпиша, Осимен е на пат кон Истанбул

Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен се очекува наскоро конечно да го напушти Наполи. Веќе неколку месеци трае сагата околу заминувањето на Осимен од италијанскиот калчолигаш.

Имаше најави дека Пари Сен Жермен, па Челзи и Ал-Ахли се заинтересирани за Осимен, но ниту еден од овие три клуба не постигна договор. Тренерот на Наполи, Антонио Конте, најави дека не планира на Осимен, па токму затоа мора експресно да се најде нов клуб за голгетерот.

Според најавите на Џанлука ди Маркио, турскиот гигант Галатасарај е следна дестинација за Осимен. Преодниот рок во Турција трае до 13 септември, што значи дека има уште 10-тина дена за да се реализира овој голем трансфер. Сепак, од Галатасарај нема да чекаат до 13 септември, туку ќе се обидат договорот да го потврдат до 4 септември, кога всушност се пријавуваат играчите за настап во европските купови на УЕФА. Галатасарај е дел од групната фаза во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести