Конте го препороди Кулушевски и даде наредба Тотенхем да го откупи за 35 милиони евра

Антонио Конте успеа да го врати Дејан Кулушевски во препознатлив ритам и шведскиот репрезентативец со македонски корени сигурно ќе ја продолжи кариерата во Тотенхем.

Италијанскиот стратег е задоволен од учинокот на 22-годишниот офанзивец и наредил да се откупи неговиот договор со Јувентус за 35 милиони евра.

Конте има во план да го задржи и Кристијан Ромеро, кој е позајмен од Аталанта, а отштетната клаузула му е 45 милиони евра, па популарните Спарс ќе им уплатта на двата италијански клуба вкупна сума од 80 милиони евра.

Кулушевски пристигна во Тотенхем на почетокот на оваа година и одигра 17 натпревари, а учинокот му е три погодоци и 8 асистенции.

Ромеро е две години постар од Кулушевски, а тој е веќе една година во Тотенхем, откако пристигна лани летото од Аталанта.

Конте истакна дека тие се иднина на клубот, кој веројатно ќе се избори за настап во Лигата на шампионите и за идната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести