Конте го сака Кулушевски во Наполи, ако клубот го продаде Кварацхелија

Наполи има нова желба за зимскиот трансфер прозорец, а клубот од „Диего Марадона“ ги фокусира своите погледи на крилниот напаѓач на Тотенхем, Дејан Кулушевски. Шведскиот фудбалер се разгледува како потенцијална замена за Хвича Кварацхелија, кој е во фокусот на неколку големи европски клубови, вклучувајќи ги Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Иако Наполи не сака да се раздели со Кварацкелија, ако добијат добра понуда, ќе биде тешко да го задржат. Според италијанските извори, клубот бара најмалку 80 милиони евра за неговиот трансфер.


За да се подготват за евентуално негово заминување, Наполитанците веќе имаат неколку опции на списокот, вклучувајќи ги Един Жегрова од Лил и Федерико Кјеза од Ливерпул.

Дејан Кулушевски е новото име што се додава на оваа листа и на него инсистира тренерот Антонио Конте. Шведскиот играч со македонско потекло има богат италијански стаж, играјќи за Парма и Јувентус пред да се пресели во Тотенхем во 2022 година. Оттогаш, Кулушевски има одиграно 126 натпревари, постигнато 22 гола и забележано 27 асистенции за клубот од Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести