11.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Конте го сака Сон за свој зет

Тотенхем попладнево триумфираше на гостувањето кај Нотингем форест со погодоците на расположениот Хари Кејн, но навивачите на клубот од Северен Лондон се загрижени за постот на ланскиот најдобар стрелец во Премиер лигата.

Сон Хеунг-мин во четири кола досега бележи само една асистенција, не е ефикасен како минатата сезона, но Конте верува дека Јужнокореецот наскоро ќе им се врати на головите. Италијанскиот стратег избра интересен начин да го пофали Сон.

„Сон е толку добар човек и посветен на клубот, што искрено би го земал за зет доколку јас одлучував кој ќе биде сопруг на мојата ќерка. Знам дека во моментов не му е сеедно бидејќи не постигнува голови, но тој секогаш ќе биде прва опција во моите планови“, истакна Конте по мечот против Шумарите.

- Оглас -

Најнови вести