24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Конте: „И без Лукаку сме фаворити за освојување на Скудетото“

Наполи ја започнува одбраната на Скудетото со гостински меч против Сасуоло, а во Неапол не го кријат оптимизмот дека може да ја одбранат титулата, дури и без Ромелу Лукаку, кој е повреден.

„Ова е непријатна повреда на фудбалер кој има голема вредност за нас. Минатата година се случи нешто слично. Понекогаш изгледа дека овие две работи можат да урнат еден тим, но овие момци веќе докажаа дека можат да се справат со апсолутно сè. Ќе најдеме решение, како што направивме и минатата година. Што и да се случеше, ние не плачевме, туку наоѓавме решенија. Скудетото е наше и повторно сме меѓу фаворитите. Дури и да ги загубиме сите наши фудбалери, беџот со трофејот останува на нашиот дрес. Тоа нѐ става меѓу фаворитите. Ќе направиме сè што е во наша моќ да го задржиме тоа што го имаме.“ – вели тренерот на Наполи, Антонио Конте, во пресрет на почетокот на Серија А.

- Оглас -

Најнови вести